Книжевна вечер по повод 10 години Традуки

По повод десетгодишнината од постоењето на Традуки, на 24 и 25 април, беа одржани седница на управниот одбор на Традуки во Подгорица и книжевна вечер во Цетиње.

Книжевната вечер во Цетиње ја отвори министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ, а свои обраќања имаа и министрите за култура на Македонија и Албанија, Роберт Алаѓозовски и Мирела Кумбаро Фурки.

Со дел од своето творештво се претставија тројца писатели од регионот: Адриан Лека од Албанија, Андреј Николаидис од Црна Гора и Фросина Пармаковска од Македонија. Модератор на настанот беше Хана Стојиќ, претставничка на мрежата Традуки, која поведе дискусија со писателите за нивните книги, книжевноста во нивните земји и отвореноста кон регионот и, генерално, за книжевните текови во регионот во Југоисточна Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *