Меѓународна средба на книжевници и новинари на Зларин

Од 18 до 20 април 2018, на островот Зларин, Република Хрватска, традиционално ќе се одржи интернационална средба на писатели, поети, драматурзи и новинари, во организација на „Хрватско-македонската тангента“, а со поддршка на градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ.

Оваа година, доаѓаат учесници од четири земји: Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а претставници од нашата земја се: Ѓоко Здравески (поет, книжевен критичар, преведувач, есеист и уредник на Репер), Калина Малеска (писателка, книжевна критичарка, теоретичарка и професорка по англиска книжевност на УКИМ) и Фросина Пармаковска (писателка), како и Љупчо Арсовски, поранешен повеќекратен амбасадор на Р.М. и публицист. Меѓу учесниците од останатите земји ќе бидат: Петар Денчев (Бугарија), Ренато Баретиќ, Динко Шкевин (Хрватска), Емир Имамовиќ Пирке, Ивана Лакиќ (Босна и Херцеговина) и други.

Настанот е конципиран од два дела: во првиот дел ќе биде тркалезна маса на која ќе се зборува за прашања и проблеми кои ги засегаат сите културни традиции поединечно, како и нивната позиција во регионален контекст. Во вториот дел, авторите ќе читаат свои текстови на мајчин јазик. Покрај тоа, средбата вклучува и неофицијален дел во кој авторите се запознаваат меѓусебе низ дружење и размена на искуства од своите области.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *