Прва седница на претседателството на ДПМ

На 04 мај 2018 година се одржа првата седница на новото претседателство на Друштвото на писатели на Македонија. Седницата ја водеше новиот претседател на Друштвото, проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер која беше избрана на оваа функција на 28 април 2018 со поддршка од 74 гласови од присутните членови на ДПМ.

На седницата беа распределени неколку функции во Друштвото, како секретар за активности во земјата (проф. д-р Мишел Павловски), секретар за меѓународна соработка (проф. д-р Кристина Николовска), претседател на меѓународната манифестација “Празник на липите” (м-р Фросина Пармаковска). Освен тоа, беа дадени предлози и идеи за првите чекори во работата на новото претседателство, како и насоки за реализација на веќе постоечки проекти.

Наредната седница е закажана за 07 јуни, 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *