Соња Стојменска-Елзесер е нов претседател на ДПМ

На 28 април, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија се одржа седница за гласање на нов претседател, како и за нови комисии, органи и тела.

За нов претседател на ДПМ беше избрана Соња Стојменска-Елзесер со поддршка од 74 гласа додека нејзиниот против-кандидат Оливера Доцевска доби поддршка од 13 членови.

Соња Стојменска-Елзесер е книжевен научник, критичар, есеист и професор на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На местото претседател на ДПМ доаѓа после Веле Смилевски, а нејзиниот мандат е со времетраење од четири години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *