Трибина со тројца млади автори во фондацијата “Славко Јаневски”

Денес, по повод светскиот ден на поезијата, во фондацијата “Славко Јаневски” се одржа трибина во организација на Институтот за македонска литература, а овозможено од Општина Центар. На трибината гостуваа писателите Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Драгана Евтимова, а модератори беа професорите Ана Мартиновска и Александар Прокопиев. Настанот го отвори градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Писателите зборуваа за своите книги, за влијанието на наградите врз нивниот професионален развој, за условите во кои опстојува македонската книжевна сцена, одѕивот од читателите итн. Публиката имаше можност директно да се вклучува во дискусијата преку прашања кон авторите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *