Ѓоко Здравески

Ѓоко Здравески е роден 1985 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш. Соработува со електронското списание Блесок (www.blesok.mk) како уредник за поезија и со електронскиот месечник за култура и уметност Репер (www.reper.net.mk). Од јуни 2014 година, заедно со Ана Голејшка, ги организира книжевните вечери Астални проекции, кои се случуваат секој прв вторник во месецот во кафето Менада.

Пишува поезија, кратка проза и есеи. Има објавено четири книги поезија: Палиндром со две н (2010), куќичка за птици-преселници (2013), љубавина (2016) и дедикар икарал (2017). Преведуван е на десетина европски јазици и учествувал на десетина европски фестивали за поезија.

Тука можете да прочитате неколку раскази од Ѓоко Здравески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *