Иван Шопов

Иван Шопов е роден 1987 година во Скопје. Студирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на отсекот Општа и компаративна книжевност.

Ги објавил книгите „Азбука и залутани записи“ (Темплум, 2010) – збирка кратки раскази за која ја добива наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, „Меше на годината“ (Темплум, 2012) – песни во проза и „091 – антиразгледници од Скопје“ (Друга приказна, 2017) – збирка кратки раскази.

Пишува поезија, хаику и сатирични статии.

Негови песни и раскази се преведени на англиски, чешки, српски, словенечки, германски, хрватски и бугарски јазик.

One thought on “Иван Шопов”

Напиши одговор на Милан Завков Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *