Јулијана Величковска

Јулијана Величковска е родена 1982 г. во Скопје. Автор е на: монографија „XX години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), стихозбирка „Комарци“ (2010, ПНВ) и романот „Годишни времиња“ (ПНВ Публикации, 2014, 2015 – второ издание и 2018 – трето издание).

Пишува поезија, проза и преведува.

Нејзините песни се препеани и објавени на неколку јазици, меѓу кои: кинески, англиски, српски, хрватски, словенечки, холандски, албански, чешки и италијански јазик.

Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, Србија, Чешка и Италија, како и во една антологија на светската современа поезија издадена во Кина.

Таа е член на организациониот одбор на „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Основач е на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје.

Нејзиниот роман „Годишни времиња“ во април 2017 г. беше објавен и на бугарски јазик од страна на издавачот „Ерго“ од Софија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *