Калина Малеска


Калина Малеска е македонска писателка и книжевна теоретичарка и критичарка родена во 1975 година во Скопје. Предава англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ – Скопје. Има издадено три збирки раскази: Недоразбирања (Македонска книга, 1998), Именување на инсектот (Слово, 2008) и Мојот непријател Итар Пејо (Или-Или, 2016), романите Бруно и боите (Слово, 2006) и Призраци со срмени нишки (Слово, 2014), како и драмата Случка меѓу настани (за Хипатија од Александрија) (Слово, 2010). Романот Бруно и боите влезе во најтесниот круг за наградата Роман на годината на Утрински весник за 2006 година. Нејзини расказите се преведени на неколку јазици и објавени во повеќе списанија во Македонија и во странство. Се занимава и со преведувачка дејност, а некои од книжевните дела што ги превела се: Она што беше небо од Владо Малески, Тристрам Шенди од Лоренс Стерн, Сестрите Макиока од Џуничиро Танизаки, Собрани раскази од Амброуз Бирс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *