Михајло Свидерски

Михајло Свидерски (Битола, 1991) прозаист, поет, преведувач.

Автор е збирките поезија: Низ сонот од магли и дождови (2013), преведена и на бугарски во издание на „Нима“ Плевен (2013) и Ѕвезди што спијат (2017). За романот Бело и Црвено (2014), во издание на Темплум, ја добива наградата НОВИТЕ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Романот Бело и Црвено исто така е објавен на бугарски јазик, во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија во 2016 година.

Во 2019 го објавува романот Последните денови на Ханс во издание на Или-Или. Неговиот најнов роман, Синовите на Адам, е објавен во 2022 година во издавачката куќа Восток.

Учествувал на повеќе поетски фестивали и читања. Застапен е во домашни и странски книжевни списанија и антологии. Неговата поезија е преведена на англиски, руски, грчки, бугарски, српски, унгарски, баскиски и албански јазик. Член е на ДПМ.

Активно преведува поезија и проза од англиски, бугарски и српски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *