Снежана Младеновска-Анѓелков

Снежана Младеновска-Анѓелков е родена 1977 година во Скопје. Дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а со звањето “Магистер по уметности – област филмска и ТВ монтажа” се стекнува во 2012 година. Има долгогодишно работно искуство на телевизиска монтажа и креативно обликувала преку 500 документарни филмови, репортажи, патеписи…

Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ ја добива наградата „Роман на годината“ на Утрински весник za 2011 година, со што таа стана првиот дебитант кој се закити со оваа најважна прозна награда во Македонија. Книгата во 2012 година доживеа и второ издание, а во 2016 и трето.

Во 2014 година ја објавува и книгата “Слики со животна уверливост”, теориски труд кој не само што го објаснува процесот на филмската монтажа како важен творечки сегмент во аудиовизуелното обликување на документарниот филм преку анализа на делата на Владимир Блажевски, туку се обидува да укаже и на важноста и нужноста од авторски документарни филмови во Македонија.

Нејзиниот втор роман „Молчи со отворена уста“ е објавен во Или-Или, во 2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *