Стефан Марковски

Стефан Марковски
Стефан Марковски (Гевгелија, 01.12.1990) е современ македонски писател и поет.
Ги објавил книгите: „Еднонасочно“ (роман, 2009), „Апеирон“ (поезија, 2010), „За некои спомени на онаа некогашност“ (поезија, 2010), „Хиерархиска еволуција на свеста“ (Психологија и теорија на ум, 2012), „Мета(де)конструкција и општа филозофија“ (Филозофија, 2012), „Среќата е глагол“ (Психологија и филозофија, 2013), „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ (Раскази и драмски текст, 2015), „In Nomine“ (поезија, 2016), „Сиво сјаат вселените“ (поезија, 2016), „Смртта долетува насмевната“ (раскази, 2017).
Автор е на сценарија за краткометражни, како и на едно сценарио за долгометражен филм.
Постдипломец е на Факултетот за Драмски Уметности – насока Филмско и ТВ сценарио.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на Македонскиот центар на Интернационалниот Театарски Институт (ИТИ).
Автор е на есеи, статии и трудови од книжевната теорија и филозофијата.
Уредник е на поетските збирки вклучени во проектот „Метрички карван“ на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија.
Добитник е на награди за проза, поезија и есеј, меѓу кои: „Петре М. Андреевски“ за роман, „Бели мугри“ за поетска книга, „Македонска книжевна авангарда“ за збирка раскази, Гран При на поетскиот фестивал „Литературни искри“, награда од МАНУ за расказ, „Блаже Конески“ за есеј, признанието на општина Гевгелија „7 Ноември“, награда на Фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО за македонски автори до 30 години и тн.
Дел од неговото творештво е преведено и објавено на неколку јазици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *