Живко Грозданоски


Роден е на 10 ноември 1986 година во Кичево. Со основно образование се здобива во Бигор Доленци и Кичево, а со средно во американската гимназија „Нова“ во Скопје. Во 2005 година, во издание на гимназијата излегува збирката поезија „Песок и свила“. Во 2009 година завршува Италијански јазик и книжевност на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Истата година, во едицијата „Магма“ од издавачката куќа „Темплум“, од печат излегува првото издание на „Отпечатоци врз коцки мраз“, збирка кратка-кратка медитативна проза. Во 2011 година преку издавачката куќа „Антолог“ од печат излегува збирката раскази „Приказни за тревите и други приказни“. Во 2014 година, „Или-или“ го објавува романот (збирка од три новели) „Куфер за тројца“ кој ќе се најде во финалето на конкурсот „Роман на годината“. Во 2016 година, повторно во „Темплум“, од печат излегува второто и дополнето издание на „Отпечатоци врз коцки мраз“.
Од италијански јазик ги има преведено есејот „Next – малечка книга за глобализацијата и за светот што доаѓа“ од Алесандро Барико („Антолог“, 2010), романот „Сенилност“ од Итало Звево („Темплум“, 2011), збирката новели „Кал“ од Николо Аманити („Магор“, 2013) и романот „Нешто напишано“ од Емануеле Треви („Магор“, 2015) и ја има препеано збирката „Коски од сепија“ од Еуџенио Монтале („Магор“, 2013 год.). Во 2007 година на филмскиот фестивал во Кан е прикажан неговиот краток документарец “In cage”, снимен во Косовска Митровица една година претходно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *