Критика за „Единаесет жени“

Единаесет жени” ја продолжува традицијата на раскажување по пат на урамување, карактеристична за почетокот или самото настанување на овој жанр во „Илјада и една ноќ“, а во македонската литература обновена со романот „Мојата роднина Емилија“ на Влада Урошевиќ. Романот го носи духот на македонската полуурбана или квазиурбана средина во 1980-тите години, поставуваjќи нови параметри во раскажувачката техника и во романсиерската тематика, истовремено подривајќи ги жанровските конвенции.”
од образложението на жирито за “Роман на годината” на Утрински весник

До неодамна анонимната Снежана Младеновска Анѓелков за својот првенец ја доби наградата „Роман на годината“, нешто што досега не се случило во историјата на оваа најважна награда за проза во Македонија!
Венко Андоновски

Иако дебитантка, Младеновска Анѓелков покажува чувство за чиста и прецизна нарација, без непотребни описи и дигресии, без дребности и заокружувања. Таа оди директно во центарот на случувањата, без да ја заобиколи или избегне мачнотијата што е речиси континуирано чувство по сите прочитани настани.
Александра Јуруковска, Дневник

Првата асоцијација од насловот – 11 жени – ми беше дека тука има некаква суптилна, но сепак јасна иронија: единаесет е математички помалку, но кога се во прашање жени, тоа е повеќе од дванаесет, и тоа машки апостоли. Меѓутоа, од очекуваните феминистички тонови и од „женското писмо” во книгата нема ниту трага. Нема трага ниту од славање на жената и женственоста – ликовите се сè само не стереотипно смерни, напатени и безгласни. Тие се дел од едно градско, но маалско милје од осумдесетите, во кое жените се значаен социјален фактор – кога гледаат на кафе, ги копаат бавчите, возат Застава сто-кец, дремат по терасите или просто седат на клупа. Зад сите овие навидум обични огради и прозорци, демнат мрачни, твинпиковски приказни.
Илина Јакимовска, Букбокс читанка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *