За „Обични и необични раскази“

Обични и необични раскази“ е првата самостојна збирка раскази на Ѓорѓи Крстевски. Речиси целата книга е посветена на во последно време сè попопуларната форма – кус кус расказ. Во 66 куси куси раскази главна улога игра приказната, комбинирањето на нејзините елементи, создавањето напнатост меѓу ликовите, усложнувањето на заплетот и необичниот и често фантастичен расплет. Суптилно комбинирајќи ги раскажувачките придобивки на мајсторите на оваа форма, Крстевски создава текстови во кои одмерено се мешаат апсурдот и лиричноста, поетското и неискажливото во секојдневието. Во расказите секогаш постои еден вид напнатост меѓу реалноста и обидот да се надминат нејзините ограничувања. Нараторот како посветен набљудувач го перципира светот околу себе, за од него да ги извади малите, делумно невидливи нерегуларности и апартности и од нив да ги создаде своите прози. Книгата е мошне компактна и во неа пулсира специфичен, затворен свет со свои правила и законитости.

Владимир Јанковски за Окно

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *