Финале за Роман на годината за 2017

Одбројување“ од Фросина Пармаковска, „Апокалипса.мк“ од Бранко Прља и „Диссомнии“ од Игор Станојоски се финалистите за Роман на годината за 2017.

„Одбројување“ е третиот роман на Пармаковска покрај „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“ кој беше финалист за Роман на годината за 2014.

„Апокалипса.мк“ е последен роман на Бранко Прља кој со својот роман „3 минути и 53 секунди“ влезе во финалето за Роман на годината за 2015.

„Диссомнии“ е третиот роман на Игор Станојоски кој со својот роман „Гаргара“ влезе во финале за Роман на годината за 2014, а со „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ беше финалист за оваа награда во 2016.

Изборот се одвиваше во неколку круга тајно гласање на жири-комисија во состав на: претседателот и минатогодишен победник Давор Стојановски, писателот Ристо Лазаров, новинарката Катерина Богоева, деканката на Филолошки факултет Анета Дучевска и универзитетскиот професорот Иван Додовски.

Во трката за Роман на годината, оваа година учествуваа 27 романи, а една седмица по финалето, на 15ти март, ќе биде познат и деветнаесеттиот добитник на оваа престижна награда.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *