Промоција на романот „На враќање“ од Фросина Пармаковска во Куманово

На 01.07.2021 година, со почеток во 20.00 h, во летниот простор на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово се одржа промоцијата на романот „На враќање“ од Фросина Пармаковска. Ова е четврт роман на Пармаковска, покрај „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“ и „Одбројување“. „На враќање“ е објавен во септември минатата година, во издавачката куќа Или Или.

Романот го промовираше Душко Крстевски, а на прашањата од публиката одговараше авторката. 

Промоцијата на романот беше придружена со музички настап на младиот пијанист, Јован Цветковиќ.

Фотографија: Габриела Савевска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.