Билјана Црвенковска

Билјана Црвенковска, писателка, сценаристка и преведувачка, магистер по филозофски науки. Главен уредник е во издавачката куќа Чудна шума, како и во истоименото е-списание за деца (www.cudnasuma.com).

Пишува претежно за деца и млади, но и проза, поезија и сценарија за ТВ и анимирани серии, но и стрипови. Има напишано неколку романи и илустрирани романи за деца: „Што сонуваше Дедо Мраз“, „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“, „ТКЦП: Канџа во мракот“, „ТКЦП: Замокот на илјада мачки“, „ТКЦП: Мисијата Црно прасе“ и „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“. Автор е на многубројни сликовници и книги со активности, особено на сликовниците од серијалот „Светот на Биби“, графичката новела „Девојчето кое танцуваше со пролетта“, на стручниот труд од областа на семиотиката: „Митски лавиринт: патување низ митските слики“, како и на повеќе песни, раскази, научни есеи и трудови, театарски критики, новинарски текстови и колумни.

Нејзин прв роман за возрасни е „Девет приказни за госпоѓица Сит“, со кој влезе во најтесен избор за наградата Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 година. Во 2020 го објави романот „Куќа над брановите“.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *