Борче Панов

Борче Панов е роден е во Радовиш, Република Македонија. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1998 година, како и претседател на меѓународната книжевна манифестација „Караманови средби„. Во два мандати бил член на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија.

Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и панорами на современата македонска поезија. Дел од неговата поезија е преведувана на англиски, германски, кинески, арапски, виетнамски, бенгалски, хрватски, украински, бугарски, каталонски, словенечки, српски, француски, шпански, дански,  албански и монголски јазик.

Во 2016 г. излезе од печат двојазичниот избор од неговата поезија на бугарски и македонски јазик ЧЕСТИЧКИ ХЕМАТИТ, а во 2017 г. излезе неговата поетска книга „ВДАХ„ на словенечки јазик, а во 2018 година и книгата „Бријање балона„ избор од неговата пооезија на српски јазик во издание на УКС Србија, а  во 2019 г. излезе книгата Фотостихеза – на бугарски јазик – превод на неговата книга Глочка Школка во Бургас – Бугарија.

Застапен е во над 50 антологии и избори на поезија во светот.

Во печат се две негови поетски книги во Индија и во Саудиска Арабија.

Досега ги има објавено поетските книги:

  • “Што виде Чарли Ч од наопаку” (1991)
  • “Циклонско око” (1995)
  • “Стоп Чарли” (2002)
  • „Такт„ (2006)
  • „Гатанка од стакло„ (2008)
  • „Базилика на ракописот (2010)
  • „Заумна вечера„ (2012)
  • „Вдах„ (2014) и
  • „Човечки тишини„ (2016)
  • „Уханија„ (2017)
  • „Глочка школка„ (2018)

Борче Панов е автор и на алтернативните драмски текстови:

  • “Петто календарско време” (2000)
  • “Градот двојник” (2001)
  • “На сред сокак слепа улица” (2002)
  • Хомо сапуненс” (2004)
  • “Фатете го месечарот„ (2005)
  • “Поделен од сопствениот нос” (2006) и
  • „Летно кино„ (2007).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *