Димитар Башевски

Димитар Башевски е романсиер, поет, раскажувач, преведувач и издавач. Роден е во 1943 година во Ѓавато, Битолско. Филозофски факултет завршил на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Долги години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа “Култура” од Скопје. Сега е главен уредник на издавачката куќа “Слово”. Од 2000 до 2006 беше претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член е на ДПМ од 1969 година.

Башевски е автор на следните романи, книги поезија и раскази:

  • Туѓинец (роман, 1969)
  • Враќање (роман, 1972)
  • Раска (роман, 1974)
  • Нема смрт додека ѕвони (роман, 1980)
  • Една година од животот на Иван Плевнеш (роман, 1985)
  • Куќата на животот (поезија, 1987)
  • Сарајановскиот каранфил (роман, 1990)
  • Дневникот на Ања (роман за деца, 1994)
  • Привремен престој (поезија, 1995)
  • Совладано време (поезија, 1998)
  • Бунар (роман, 2001)
  • Аголен камен (поезија, 2005)
  • Братот (роман 2007)
  • Во дланката своја си гледам (поезија, 2010)
  • Прозорци (роман, 2010)
  • Белег. Сон (поезија, избор, 2012)
  • Прозорци, нова верзија (роман, 2013)
  • Мајсторот (раскази, 2013)
  • Скршнувања (поезија, 2016)
  • Круг (роман, 2017)

Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногорски и албански јазик. Застапуван во поголем број антологии на македонската литература во земјата и во странство и во македонските енциклопедии. За своите книги, тој ги има добиено наградите 11 Октомври, Рациново признание, „13 Ноември“ , Ванчо Николески и наградата Роман на годината (“Утрински весник”) за романот “Бунар”, кој во 2002 година беше номиниран за меѓународната награда „Балканика”, додека книгата раскази „Мајсторот“, беше во најтесен избор за меѓународната награда „Његош“ за 2015 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *