Енис Хилми е родена во Охрид, 1968 година. Основно училиште завршува во „Григир Прличев“, а средно во гимназијата „Св. Климент Охридски“ (отсек биотехнологија). Студира во Истанбул, на Босфорскиот универзитет, најпрво филозофија, потоа напредни административни студии. Завршила и школа за новинарство на Македонскиот институт за медиуми во Скопје во 2008.
Од 1994 до 2007 работи во три македонски министерства во Скопје. Еден предпрвомајски ден ја зема ташната и дава отказ.
Од 2009 година е туристички работник во Охрид.
Член е на СОС Охрид од почетоците на неговото основање.
Има објавено неколку текстови во Форум, Глобус, Цивил медиа, Локално и Охрид њуз. Со својата прва збирка раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ станува добитничка на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година.
Романот „Само уште еден скок“ (Скопје: Светулка нова, 2025) е нејзина втора книга.
Живее на релација Охрид – Берлин, Виа Скопје.
