Хана Корнети (Скопје, 1992) има дипломирано паралелно историја и филозофија (ОДТУ, Анкара) и магистрирано културолошки студии (Сабанџи, Истанбул). Во 2021 ја издава деби книгата – збирката раскази „Млечни заби“ (Или-Или). Во 2023 се објавуваат уште две книги – романот за деца „Илина и шумските тролови“ (Или-Или) и нефикцијата „Croprising – Bad Gardeners and Good Weeds: A Guide“ (Private Print) во коавторство со Ивана Чалоска и соработка со Димитар Самарџиев. Аматерски се занимава со музика („Голи песни“, Шарла, 2023) и има добиено награди за расказ и пиеса од разни македонски организации.