Ирена Јурчева е родена во 1982 година во Белград. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за преведување и толкување. Во 2017 година ја одбранила својата магистерска теза на тема „Културолошко преведување на „Силмарилион” од Џ.Р.Р. Толкин како предизвик за преведувачот”.
Досега има објавено две поетски книги, „Таинства” (2017, Метаноја) и „Огнот наш нестишен” (2022, Современост) и две збирки раскази, „Разнишан свет” (2021, Темплум) и „Белата е најстрашната боја” (2019, Темплум) за која ја добила наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!”
Гостувала на повеќе поетски фестивали, читања и слем натпревари. Нејзина поезија е објавена во неколку книжевни списанија. Организирала повеќе работилници за креативно пишување.
Работела како наставник по англиски и француски јазик во повеќе училишта и јазични центри во Скопје. Превела повеќе од петнаесет книги за три издавачки куќи во Македонија. Активно преведува литературни дела од англиски јазик. Се занимава и со цртање и фотографија.