Србо Ивановски

Србо Ивановски е роден во 1928 година во Штип. Дипломирал на групата Јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Во литературата се јавува веднаш по Втората светска војна. Работел како уредник во Телевизија Скопје. Toj e член и поранешен претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1949 година, како и член на Македонскиот ПЕН центар. Починал на 12 март 2014 година во Скопје.

Србо Ивановски е автор на поезија, раскази и романи за возрасни и за деца. Негови поважни дела се: Лирика (поезија, 1950); Желби и меѓи (поема, 1950); Средби и разделби (поезија, 1953); Бели крикови (поезија, 1956); Маѓепсан патник (поезија, 1966); Пена од планината (поезија, 1972); Прстен на времето (поезија, 1993); Горчлив корен (поезија, 1994); Челуст на времето (поезија, 1996); Близу до животот близу до смртта (поезија, 1998); Жена на прозорецот (раскази, 1955); Кога тетин Клименте шеташе над градот (раскази 1982); Желките од рајската градина (раскази, 2009); Осамени (роман, 1957); Мартин Нуната (роман, 1979); Леонида трча окрвавен (роман, 1980); Додека го чекавме Андреја (роман, 1990); Балада за исчезнатите (роман, 1994); Неподобниот (роман, 1997), Црниот камен (роман, 2003).

Исто така, Ивановски е познат и како автор на текстот на познатата детска песна „Елко, елко“, создадена во 1952 или во 1954 година, на музика на композиторот Тодор Скаловски.

За своите дела, Ивановски е добитник е наградите „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Стале Попов“. За поемата „Елена“, во 2006 година ја добил наградата „Григор Прличев“. За целокупниот поетски опус, во 2008 година ја добил наградата „Книжевен жезол“ што ја доделува ДПМ. Српското издание на неговата книга песни „Маѓепсан патник“ во 1976 година ја добила наградата „Бранко Миљковиќ“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *