Станка Бајлозова-Барламова

Станка Бајлозова-Барламова (6.2.1993), дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Пишува раскази, а нејзината проза е објавена низ повеќе македонски и странски списанија. Нејзините раскази се објавувани во списанијата: „Современост“, „Стожер“, „Репер“, „Otherwise engaged a literature and arts journal“, „The mockingowl roost“, „Aether avenue press“, „Adelaide books“ и „Literary yard“.

Во 2021 г. ја објавила книгата „Силуети“ (раскази).

Низ текот на 2023 и 2024 г. два нејзини раскази беа објавени во антологии во Индија („Flashes of nightmare“ и „In stitch in space time“).

Во 2023 година добитник е на наградата за најдобар расказ на литературниот конкурс при манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“. Истата година Општина Валандово ѝ додели шестоноемвриско признание за монографијата „50 години распеани валандовчани“.

Денес работи во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово во областа на литературната дејност.

Тука можете да го прочитате нејзиниот, до сега необјавен разказ, „Јажето на Јоже“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *