Одлука на жири комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2008

Наградата „Роман на годината” на редакцијата „Утрински весник“ за 2008 година со мнозинство гласови му се доделува на романот „Индиго Бомбај“ од Јагода Михајловска – Георгиева, објавен во издание на „Издавачкиот центар ТРИ“ од Скопје.
Жири-комисијата, по четири состаноци, и исто толку тајни гласања, опстојно разгледувајќи ги сите пристигнати романи на конкурсот, со задоволство констатира дека во најтесен круг за наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ влегоа три навистина одлични романи, кои, секој за себе, и сите заедно, претставуваат потврда за евидентниот подем на македонскиот роман во последните десеттина години. Се разбира, секој од нив носи свој авторски белег, но истовремено сите заедно на одреден начин третираат една заедничка тема – темата на духовното, „фрактурата на душата” како етичка дијагноза, свесноста за севкупното постоење и борбата за сопствен идентитет. Станува збор за романите „Помеѓу“ на Ирена Јорданова , „Жените Гаврилови“ на Кица Колбе и „Индиго Бомбај“ на Јагода Михајловска – Георгиева. Во сите нив душата е затворена во еден доминантен наративен триаголник, односно структурата на приказната е шив триаголник чии агли се три носечки лика во романите. Во „Индиго Бомбај” тоа се Ана- Бистарај- и Гаруда, во „Жените Гаврилови“ тоа се Вера-Лина- и Демиана, а во „Помеѓу“ тој маѓепсан триаголник го составуваат Марија- Горазд – и Јанес. Притоа сите три романи трагаат по идентитетот и субјективитетот на жената, истовремено третирајќи општочовечки, наднационални и постколонијални теми со видлив усет за актуелноста на мигот, но и за минатото во чие ехо се уште живееме. Преку суштински различни облици на книжевно изразување, не вклопувајќи се би се рекло во ковенционалните норми за убавото и грдото, сите идентификуваат една специфична етика и естетика, градејќи го текстот како криптограм на своето тело со неизбришливата и вечна тага на отсутниот друг. Оттука, Јагода Михајловска – Георгиева со романот „Индиго Бомбај“ и Кица Б. Колбе со „Жените Гаврилови“ потврдуваат дека се авторки кои знаат пространото „платно“ наречено роман да го „навезат“ онака како што умеат само вистинските мајстори на прозата, но, со нив, истовремено и рамноправно, и младата Ирена Јорданова со својот роман „Помеѓу“ најавува дека во македонската книжевност пристигнала врвна прозаистка, која нема да биде некаде помеѓу едните и другите, туку меѓу најдобрите.
Приказната во романот-лауреат „Индиго Бомбај“ на Јагода Михајловска -Георгиева се случува во градот кој над своето ниско индиго-небо има уште две неба од души. Под тоа, и такво небо, небо што се меша со земјата, малиот Гаруда се согласува да го продаде својот бурег за да и’ купи сандали на мајка си, и тука, всушност, се отвора шестоката, слоевита приказна за индиската стварност, но и за смислата на постоењето прекршена низ душата на Ана, странец во земјата која го шивее својот специфичен, маѓепсан реализам како обично секојдневие. Всушност, во основа, на ниво да дејствие, романот се бави со откривање на лавиринтите низ кои опстојува душата на луѓето во Бомбај. Затоа Ана, или Ананда, најчесто е како Алиса во земјата на чудата, само што таа не дошивува чуда туку една необична реалност која навистина тешко моше да се направи уверлива реалност, затоа што на чудесен начин преминува во бајка, а потоа пак во ушасно секојдневие во кое дури и децата ги продаваат своите органи за да направат со тоа ако моше некој барем малку да биде среќен. Се разбира дека Ана, како странец, најпрво е збунета од неверојатната реалност, но во обидот да го спаси малиот Геруда, сепак ќе сфати дека тој не е единствен, зашто всушност многумина живеат како него па таа треба да ги спасува сите, а не е Бог. Соочена со тоа, Ана-Ананда може само да си признае дека во градот со три неба од души таа всушност го изгубила сопствениот идентитет, претопувајќи се во три небесни бои” индиго, или боја на свесноста за севкупното постоење, потоа шолта боја, боја на свесноста за земниот шивот, и на крајот бела, боја на себепризнавањето на свесносата за спојување со Едното, со Бога. Првиот слој е слој со индиго боја, бомбајска ноќ спуштена врз земјата ; зад неа е прозрачниот слој, како пладне, а највисоко е белиот слој, небо без сонце, без облаци, без ѕвезди, без ништо. Тоа не е ни небо; тоа е само светлина, бесконечност, празнина. Оттука насловот на романот ја сугерира основна поента на овој слошен, богат со бои, мириси и таинствени предели на душата, предели на свесноста за постоењето. Затоа и за Бистарај, за љубовниот пријател на Ана, највредното пријателство што може да се има, свесноста за земниот шивот, свесноста за севкупното постоење, всушност е свесност дека сите на крајот се спојуваме во Едното, во Бога, па затоа, во тоа Едно, се разбира, бубрегот на Гаруда совршено може да го прими телото на Ангело, дете кое доаѓа од Европа во Бомбај, во градот со три неба, за да го најде своето изгубено небо. Поради компликации по операцијата, малиот Гаруда умира, а неговата душа заминува негде во индиго-небото над Бомбај, зашто неа никој не моше да ја продаде и никој не моше да ја купи. Станува збор за роман кој поставува крупни прашања за тоа што сме, какви сме и која е смислата на нашето постоење, а истовремено тоа го постигнува низ топла приказна за едно себеоткривање во духовниот простор на една само навидум далечна филозофија за животот и за нашето севкупно постоење.
Своевиден контарпункт на романот на Михајловска-Георгиева е „Помеѓу“ на Ирена Јорданова, роман кој самата таа на едно место го дијагностицира како „фрактура на душата“. Жири-комисијата чувствува потреба да констатира дека овој роман, заклучно со последното гласање, беше најсериозен конкурент за наградата „Роман на годината” на „Утрински весник“. Според структурата, но и сите други квалитети што ги поседува, романот „Помеѓу“ претставува вистинско освежување во македонската романсиерска продукција, и тоа не само по темата туку и по стилот, јазикот и драматургијата на приказната. Станува збор за приказна затворена во триаголникот Марија-Горазд-Јанес, кои истовремено се искрени пријатели, но и (не) искрени љубовници. Приказната во основа се одвива на две нивоа, во спомените и во реалноста, но суштината на романот е во она што се случува помеѓу, односно помеѓу она што го живееме и она што го помниме. Маестралното решение на Јорданова е во тоа што во тој меѓупростор се мешаат реалноста со фикцијата, па често не се знае што е фикција а што реалност. Таквата постапка не само што ја релативизира вистината туку постојано го реалативизира и самиот нараторот, односно аголот на раскажување, па затоа на крајот на романот Јанес ја става под знак прашање целата приказна, па дури и самиот себеси, особено претпоставената наративна позиција на Марија за која се верува дека ја раскашува приказната. Ако стравот од туѓиот простор е всушност свој простор, тогаш кој е просторот меѓу љубовта и омразата, односно колку некој може да издржи да егзистира без разбирање од околината. Значи, барајќи го својот простор помеѓу, просторот на животот како спомен или споменот како живот, романот со право се прашува дали живееме помеѓу две временски единици, помеѓу две стотинки, кога не може да се направи разлика помеѓу минутата што изминала и минутата што минува, а животот квичи притиснат помеѓу студените млазови на времето, иако умее самиот да се креира, ако му се дадат одврзани раце. Освен со одлично поставената тема, чистиот и ителен, прецизен јазик, очигледниот талент и завидната наративна техника, првенецот на младата Ирена Јорданова плени и со она по што во основа се препознаваат добрите раскажувачи“ автентичност на гласот што раскажува, споредби што изненадуваат и необична постапка за ново премонтирање на светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.