„Романот Ненасловена месечева соната на младиот писател Давор Стојановски покажува целосно зрел и оформен автор. Тој е можеби и најперспективниот автор на една млада генерација писатели која допрва надоаѓа како убав бран, а чија антологија (што неодамна излезе од печат), имав прилика и чест да ја промовирам (Ветрот носи убаво време) (…) На стилски план добиваме еден зрел, раскошен роман, со чести промени на стилските регистри, промени во фокализацијата што повлекува за последица и промена на субјективноста на дискурсот. Добиваме еден полифониски, богат прозен ракопис со убаво развиена приказна и извајани ликови. Сето тоа е на ниво на писателско мајсторство на кое можат да се угледаат далеку поискусни и повозрасни колеги.“, проф. Венко Андоновски во рецензијата за Ненасловена месечева соната.