Во финалето за „Роман на годината“ за 2018, во организација на фондацијата „Славко Јаневски“, влегоа три романи: „Страв од варвари“ од Петар Андоновски, „Маџун“ од Влада Урошевиќ и „Некој бил тука“ од Николина Андова-Шопова.
Романот на годината се избира од страна на стручна жири-комисија во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Елизабета Баковска, Александар Прокопиев и Катерина Богоева.
Оваа година, наградата „Роман на годината“ ќе се додели по јубилеен дваесетти пат од кои осумнаесет пати ја додели „Утрински Весник“, а по неговото згаснување, веќе втора година по ред, ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“. Наградата се состои од статуетка, плакета и паричен износ во висина од 150 000 денари.