Јордан Коцевски

Јордан Коцевски (1983, Охрид) е сопруг и горд татко на две деца. Докторирал на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Работи како туристички водич, додека се обидува да го остави својот печат и како писател.

Првата книга, збирката раскази „Време за живеење“, ја има објавено во 2001 г. Неговата стрип антологија во коавторство со Дарко Богданов, „Мрак Хумор Тишина“ излезе од печат во 2014 г., а со истиот илустратор ја издаде и првата графичка новела „Витези од соседството“ во 2016 г.

Добитник е на две награди за стрипот „Our Eden“, додека неговата книга „Прозорецот“ беше наградена и објавена во електронска форма од страна на „Фондација Македоника“ во 2016 г.

Неговите кратки стрипови како сценарист, се објавени во повеќе списанија за стрип во земјата и во странство.

Автор е и на триесетина научни и стручни трудови од областа туризмот и угостителството.

Тој е главен и одговорен уредник на „(е)Лит“, електронско списание за книжевност и друга уметност.

Во 2021 година го објави својот прв роман „Тегли“, во издание на ПНВ Публикации. Во 2022 година од печат излезе неговиот втор роман „Заследи ме“, исто така во издание на ПНВ Публикации. Во 2023 го објавува својот роман „Зборови“, во издание на Антолог.

One thought on “Јордан Коцевски”

  1. Во еден здив го прочитав романот Тегли и бев задоволна од содржината и стилот. Но , новиот роман, ,,Наследи ме,, го прочитав со уште поголемо задоволство. Вчера ја добив, а до пладне ја прочитав.
    Немам зборови да го искажам задоволството кое го имав читајќи ја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *