Доделување на роман на годината за 2020

На 18.08.2021, на платото пред МКЦ се одржа свечено доделување на наградата Роман на годината на писателот Владимир Јанковски за романот „Скриени желби, немирни патувања“, во издание на Антолог. Наградата ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“, под покровителство на АД Комерцијална банка. На свеченото доделување, се обрати претседателот на Фондацијата, Ѕвездан Георгиевски, претставникот на жири комисијата, Калина Малеска, а свој говор одржа и добитникот на наградата, Владимир Јанковски.

За наградата оваа година конкурираа 41 роман, а во најтесниот круг се натпреваруваа романите „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“).

Победникот беше избран од жири-комисијата во состав на претседателката Оливера Николова, Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и претставничката на фондацијата Катерина Богоева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *