,,Креативни точки” во Лешок

На 22 и 23 септември, во духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешочкиот манастир, по трет пат ќе се реализира културната манифестација „Креативни точки“, како дел од програмата на Центарот за култура и културолошки студии. Првенствена цел на овие средби е промоција на македонските уметност, поттикнувањето на интересот кон делата на младите македонски уметници, особено во доменот на книжевното творештво.
Оваа година, на „Креативни точки“ ќе учествуваат: Петар Андоновски, Митко Апостолов, Митко Гогов, Катерина Гогова, Ана Голејшка, Живко Грозданоски, Дарјан Данески, Душко Дембоски, Ѓоко Здравески, Јован Илиески, Елена Карапејовска, Владимир Лукаш, Калина Малеска, Драгана Марковиќ, Марта Маркоска, Ивона Нацевска, Фросина Пармаковска, Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Биљана Стојановска, Небојша Стојаноски, Снежана Стојчевска и Колос Цури.
Дводневната манифестација има богата културно-уметничка програма исполнета со повеќе активности како литературно-музичкиот џем сешн кој предвидува креативно изразување и импровизирање со литературните жанрови и музиката, настапи на споменатите автори со читање поезија и проза, дружење, втор литературно-музички џем сешн и трибина на тема: „Интермедијалноста како алтернативна можност за презентирање на уметничките идеи на младите автори“ чиј модератор ќе биде проф. д-р Лорета Георгиевска – Јаковлева. Меѓу активностите, предвиден е и настап на женскиот хор „Менада“ од Тетово под диригенство на маестро Ивица Зориќ.
Овогодинешното трето издание на културно-уметничката манифестација „Креативни точки“ ќе се реализира со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, како дел од т.н. проект „Нов културен бран“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *