Нова бугарска книжевност

Вчеравечер, во Кино „Фросина“, во рамките на осмото издание на книжевниот фестивал Bookstar, беше претставена новата бугарска проза со гостување на писателката Оља Стојанова Џакова и писателот и режисер Петар Денчев.

Разговорот со бугарските писатели го водеа Владимир Јанковски и Душко Крстевски.

Оваа книжевна средба се одржа на почетокот на книжевната резиденција на Оља Стојанова Џакова во октомври во Скопје (во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“), како и во пресрет на македонското издание на романот „Малиот бог на земјотресот“ од Петар Денчев што наскоро ќе излезе во Антолог.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *