Денес напладне беше отворено третото издание на културно-уметничката манифестација “Креативни точки” која се одржува во Лешочкиот манастир. Програмата започна со книжевно-музички џем сешн, а следува богата дводневна програма во која централен настан е вечерашното читање поезија и проза од младите македонски автори.
“Креативни точки” е во организација на Институтот за култура и културолошки студии, во соработка со женскиот хор Менада од Тетово.