Вчера, на Саемот на книга во Истанбул, беа претставени четворицата македонски писатели: Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, Славица Гаџова-Свидерска и Михајло Свидерски. Нивното гостување беше организирано од страна на издавачката куќа Восток, а со поддршка од нашето Министерство за култура. На настанот присуствуваа голем број на турски издавачи кои покажаа огромен интерес за македонската книжевност. Меѓу присутните беше и министерот за култура Хисни Исмаили, конзулот и директорот на културниот центар во Истанбул.