Промоција на книгата за деца „Приказни од облаци“ од Кристина Тот

На 17.06.2022, со почеток во 20 h, во Буква се одржа промоцијата на книгата за деца „Приказни од облаци“ од унгарската писателка Кристина Тот. 

Книгата за деца „Приказни од облаци“ ја сочинуваат пет извонредни и поучни приказни: „Приказна за лилјакот што сакаше да биде птица“, „Малото рипче што си ја загуби перката“, „Приказна за меурчињата“, „Кралот на белоушките“ и „Чичкото што имаше речиси сто години“.

Книгата е објавена во Или-Или (2021), во едицијата „И ете приказна“, во рамките на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Преводот од унгарски на македонски е на Златко Панзов додека, пак, илустрациите се на Бибор Тимко.

За книгата зборуваа писателките Калина Малеска и Николина Андова-Шопова кои покрај промотивните обраќања, поведоа и дискусија со авторката.  

Ова не е прва средба на  македонските читатели со Кристина Тот која во Или-Или ги има објавено (и промовирано) романите „Пиксел“ (2011) и „Аквариум“ (2013).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *