Промоција на „Последните голтки“ од Елизабета Баковска

Вечерва, во преполната галерија на МКЦ, се одржа промоција на збирката раскази “Последни голтки” од Елизабета Баковска.
За книгата зборуваа Оливера Ќорвезироска и Тихомир Јанчовски, а модератор на промоцијата беше Ана Василевска.
На крајот, авторката се заблагодари на присутните и, меѓудругото, спомена дека средствата од продажбата книгата ќе бидат наменети за здружението против рак и леукемија кај децата “Пеперутка”.

Елизабета Баковска е родена во Битола, 1969 г. Пишува поезија, проза и критички текстови. Некои од нејзините најпопуларни објавени книги се: Житие на нашата љубов (поезија), Четири годишни времиња (раскази), Состојби на духот и телото по триесеттата (поезија), На пат кон Дамаск (роман), Варварите сѐ уште пишуваат поезија итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *