Промоција на три книги од Темплум

На 03.12.2022 година, во галерија Метаноја, се одржа промоција на трите книги: „Малечката сојка“, „Зборувам како река“ и „Панда во дрон“.

Книгата „Зборувам како река“ од Џордан Скот и „Малечката сојка“ од браќата Ахонен ги промовираа Биљана Ѓонеска, Марина Туфекчиевска и Маја Цветаноска.

„Панда во дрон“ од Пандалф Вулкански и Ристо Аврамовски ја промовираше Дарин Ангеловски низ разговор со Никола Гелевски, еден од авторите.

По завршувањето на промоциите, следуваше музички дел со настап на Јоана Ристеска на акустична гитара.

Промоциите беа дел од овогодинешниот „Мал Темплум саем“ кој се одржува од 30.11 до 06.12 кога ќе се биде прогласувањето и свеченото доделување на наградата Новите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *