Промоција на збирката раскази “Чувар на штурци”

Во Домот на градежници во Скопје, вечерва се одржа промоција на збирката раскази “Чувар на штурци” од Владимир Плавевски. 

За книгата зборуваше младиот писател Стефан Марковски, а извадок од неа читаше актерот Благоја Чоревски.

Пред многубројната публика се обрати и авторот кој, меѓудругото, истакна дека детството има големо влијание врз овие раскази. Понатаму, тој го спомена и значењето за неговото пишување што го имала неговата професија како доктор. „Ако сте доволно сочувствителен со пациентите, ако умеете да го сослушате, ќе видите дека тие имаат феноменални приказни… Сум слушал и по дваесет приказни дневно и, ете, со помош на талентот, со помош на пациентите, се пишуваат тие неверојатни приказни“, рече Плавевски. Собирањето на приказните од пациентите, тој го поврза со собирањето и собирачите односно чуварот на штурците во оваа негова книга. 

На крајот, луѓето од публиката имаа можност да поразговараат со Плавевски и да ја земат збирката “Чувар на штурци” по промотивна цена и со посвета од авторот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *