Изминатава сабота, во 17.00 часот, во Задруга Артикултура во Битола, Никола Гелевски ја промовираше едицијата Друга приказна, како и истоимениот фестивал кој се одржува во Скопје како единствен од таков тип – интернационален, со натпреварувачки дух, ги промовира кратките книжевни форми.
Промоцијата на Друга приказна беше дел од Саемот на книга во Битола кој го организираше Задруга Артикултура во соработка со скопските издавачи: Бегемот, Темплум, Готен, Или Или и Антолог. Книгите од овие издавачи ќе останат во Задруга Артикултура така што на читателите кои не успеале да го посетат Саемот, истите ќе им бидат достапни по неговото завршување.