Промоција на романот „Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска

На 06.12.2019, со почеток од 20.00 h, пред полната сала во Кино Култура, се одржа промоцијата на романот „Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на Или-Или.

Романот го промовираше Владимир Јанковски, а извадоци читаше актерот Јовица Михајловски. Ќорвезироска одговараше на прашањата кои ѝ ги поставуваше промоторот, како и на оние од публиката која на крајот имаше можност да го набави романот по промотивна цена со посвета од авторката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *