Промоција на романот „Одбројување“ во Битола

Вчеравечер, во Битола, се одржа промоција на романот Одбројување од Фросина Пармаковска.
Промоцијата се одржа во рамките на Саемот на книга кој го организираше Задруга Артикултура, во соработка со неколку издавачи од Скопје.
Романот го промовираа д-р Славица Гаџова Свидерска и Марија Бошковска, а публиката имаше можност директно да се вклучи во промоцијата преку коментари и прашања до авторката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *