Промоција на романот „Првобитните нешта“ од Бруно Виејра Амарал

Издавачката куќа Или-Или, вчера, ја отвори летната сезона на промоции во кафулето Ла Кања, во Старата скопска чаршија со гостувањето на португалскиот писател Бруно В. Амарал. Неговиот роман „Првобитните нешта“, во превод на Наташа Сарџоска е јубилеен, 150-ти во популарната едиција на Или-Или – Проаза, а гостувањето на авторот е само почеток на низата гостувања на странски автори кои неодамна ги најави оваа издавачка куќа. Промоцијата предизвика огромен интерес кај македонските читатели кои, и покрај лошите временски услови, дојдоа во голем број во скопското кафуле. Романот го промовираше проф. д-р Владимир Мартиновски, а Игор Ангелков од Или-Или, се појави во улога на модератор на промоцијата.

Бруно Виејра Амарал (1978) е писател, книжевен критичар и преведувач од Португалија. Дипломирал современа историја на Универзитетскиот институт во Лисабон. Во 2002 година учествува на „Државна изложба на млади поети“ во Португалија. Соработувал со разни книжевни списанија и зборници и автор е на разни блогови. Работел како автор, преведувач и книжевен критичар на списанието Водич низ 50-те ликови на португалскиот расказ. Уредник е на списанието за книжевност ЛЕР и одговорен е за комуникации на книгоиздавателството „Групо Бернард“. За романот Првобитните нешта во 2013 година ги добил наградите „Книга на годината“ на списанието „Тајм аут“, наградата „Фернандо Намора“, како и ПЕН наградата за проза. Освен тој роман, ги објавил и Водич низ 50-те ликови на португалскиот расказ (2013) и Денес ќе бидеш со мене во рајот (2017). Добитник е на престижната португалска награда за книжевност „Жозе Сарамаго“. Прогласен е за еден од десетте „Нови книжевни гласови на Европа“ за 2016 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.