Дејан Гаџовски

Дејан Гаџовски е роден во 1976 година во Скопје.

Основното, средното и високото образование го завршил во родниот град.

Со универзитетска диплома се стекнал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот по географија.

Веќе долги години работи во својата професија како просторен планер во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Приватно се бави со музика, превод и пишување, и е голем борец за заштита на животната средина, здравјето на луѓето и општото добро. Урбан лик и космополит, со отворен ум и широки гледишта, со пријатели од целиот свет и промотор на националната култура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *