Фросина Стојковска Мијатовиќ

Фросина Стојковска Мијатовиќ, родена во Скопје далечната 1986 во дваесет и првиот ден од најубавиот јули, во 2012 година ја објавува својата прва книга „Од друга страна“, по што исчезнува од книжевната сцена, зафатена со преводи и други нешта со кои го заработува својот леб во ова турбулентно време во кое пишувањето и не се исплатува. Оттогаш наваму работи сѐ и сешто, приредува и преведува антологии на арегентински и мексикански раскази, објавува и неколку други преводи од шпански и српски јазик, уредува книги, списанија, пишува предговори, запишува постдипломски и не го завршува магистерскиот труд, по малку шета и многу фантазира. Во моментов пишува само смешки на Фејсбук и по некој нервозен коментар за нештата што ја мачат, како и текстови за блогови, во улога на нешто што се вика „пишувач на содржина“, професија за која смета дека во некој поубав свет од нашиот не би постоела. Се труди да научи француски и да почне да вежба, започнува нови постдипломски и сѐ уште се мисли и се премислува дали да ја објави и својата втора книга. Сака чоколадо, музика, некои луѓе и многу други нешта, и не е љубител на пишување за себе во трето лице еднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *