Игор Анѓелков (1974, Скопје), дипломирал на „Интердисциплинарните студии по новинарство“, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Дебитантската книга, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) е негова прва официјална книжевна објава. Подоцна авторот влегува и во романсиерските води и го објавува својот прв роман, „Крај-пат“ (2010), кој наиде на одличен прием кај читателите. „Фото синтеза“ (2013) е неговиот втор роман, и според многумина, и неговиот најзрел прозен текст досега.
Во 2015 година Анѓелков ја издава и книгата од областа на филмската теорија „Филм.мкд”, за која ја доби државната награда за публицистика „Мито Хаџи-Василев Јасмин”.
Во 2020 година, излегува неговата збирка раскази „Двојна експозиција“ во Или Или.