Иво Петровски

Иво ПетровскиИво Петровски, сценарист, драматург и прозаист, роден е во Скопје, 1980 година. Автор е на повеќе драми и сценарија за играни филмови. Сценаријата за краткометражните филмови „Првачиња“ и „Избувливиот“ се издадени од издавачката куќа „Слово“ 2014 година во едицијата „Партер десно“. Најчеста прозна форма со која се преставува е краткиот расказ. Дел од неговите кратки раскази се издадени во списанието за литература „Разгледи“, во списанието „Видело“ од Белград и во интернет порталот „Окно“. Два пати бил финалист на конкурсот на издавачката куќа „Темплум“ – „Новите“ и тоа, во 2014 година со збирката раскази „Шеесет и три приказни општо за животот“ и во 2015 година со „ПВЦ прозорец кон светот – авантуристички дневник на Иво Петровски“. Во 2016 година збирката раскази „Шеесет приказни општо за животот“ е издадена од издавачката куќа „Слово“, со поддршка од Министерството за Култура на Р. Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.