Јован Стрезовски

Јован Стрезовски (с. Подгорци, Струшко, 26 април 1931) — македонски поет, раскажувач и романописец. Основно училиште завршил во родното село и во Крагуевац, Учителска школа во Битола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1955-1960). Неколку години бил учител во струшките села, а потоа директор на Техничкото училиште во Струга. Бил претседател на Собранието на ДПМ. Бил долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата. Живее и работи во Струга.

Автор е на книгите поезија: „Свет во свет“, „Шепоти“, „Велебилје“, „Орфеј на бескрајот“, „Блик“; на книгите поезија за деца „Светулки“, „Шарени песни“, „Шарено огледало“, „Од Северен до Јужен Пол„ и други; на романите „Вода“, „Свето проклето“, „Зарек“, „Злодобро“, „Еретик“, „Животраг“, „Последно прибежиште“, „Јанѕа“, „Завет“ и на романите за деца „Патот до зората“, „Братско стебло“, „Синови“, „Саатот кукавица“, а ги објавил и книгите раскази за деца „Последниот фишек“, „Зелени очила“, како и повеќе книги раскази за возрасни.

Јован Стрезовски е добитник на наградите: „11 Октомври“, државна награда за култура и уметност; награда „Стале Попов“ од ДПМ; наградата на МТВ Скопје; наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за Слоеви; наградата „Державин“ за стихозбирката „Времено и трајно“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *