Слободан Мицковиќ

Слободан Мицковиќ (Битола, 18.06.1935 – Скопје, 21.05.2002) – македонски романописец, есеист, критичар и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и раководител на Институтот за македонска книжевност. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член на ДПМ од 1965 година. Автор е на книгите: Размислувања (критики, 1969), Толкувања (есеи и критики, 1973), Време на песната (есеи и критики, 1983), Поетските идеи на Конески (студија, 1986), Збор и разбор (студии, есеи и критики 1990), Александар и смртта (роман, 1992), Да се убие Апостол (роман, 1994), Канал (роман, 1994), Трета генерација (есеи и критики, 1995), Ах тој Париз што ја испи реката (роман, 1995), Историја на црната љубов (роман, 1996), Промена на Бога (роман, 1998), Книжевни текови (есеи и критики, 1998), Куќата на Мазарена (роман, 1999, 2000), Самоубиецот (роман, 2002), Крале Марко (роман, 2003). Добитник на наградите: „Димитар Митрев“, „Рациново признание“, прва награда на издавачката куќа „Зумпрес“, Роман на годината на „Утрински весник“ за романот Куќата на Мазарена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *