Светлана Камџијаш е професор по философија, етика и естетика на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје. До сега ги објавила следниве наслови: „Чекори во летот“ – збирка поезија која е објавена и на српскохрватски 1981; „Ведите и Упанишадите – сликата на светот“; „Крајната слобода во системот Веданта (компаративна студија)“; „Од брегот на реката Ганг“ – толкувања на митови; „Небо – индиго“ поезија; „Шест Упанишади“ – разгатнување на херметични стари текстови; и збирката раскази „Приказни на тивок оган“.