Владимир Костов

Владимир Костов е роден во Битола на 22 септември 1932 година. Основното и средното (гимназија) образование ги завршил во родниот град и во 1951 година се запишал на Филозофскиот факултет, група Југословенска книжевност, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1955 година дипломирал по што се вработил во Радио Скопје.

Во 1956 година се враќа во родниот град и почнува да работи како професор по македонски јазик во Средното ветеринарно училиште. Во 1964 година бил избран за професор на Педагошката академија во Битола, каде работел сè до своето пензионирање. Во 1957 година, Владимир Костов бил еден од основачите на КУД „Илинден“ и негов долгогодишен уметнички директор. Во 1963 година се појавува и како еден од основачите на литературното списание „Развиток“ каде бил долгогодишен главен и одговорен уредник. Во 1977 година станува член на Друштвото за наука и уметност во Битола, во 1983 година член на Друштвото на писателите на Македонија, a од 1988 година член е и на Асоцијацијата на независните писатели на Македонија.

Во 2016 година избран е за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.

Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на градот Битола, „11 Октомври“, „1ви Мај“, „Рациново признание“, „Ванчо Николески“.

Творештво:

– Лица со маски (роман, 1967)

– Свадбата на Мара (роман, 1968)

– Нов ум (роман, 1970)

– Учителот (роман, 1976)

– Црквичето Четириесет маченици во Битола (роман, 1984)

– Вујко (роман, 1984)

– Чума (новели, 1989)

– Клетва (роман, 1989)

– Последното целивание (роман, 1992)

– Грешка (краток роман, 1992)

Битолски триод (роман, 1994)

Сениште во град Битола (роман, 1994)

– Битолска хроника – обителска трагедија (два кратки романи, 1998)

– Тане (роман, 2000)

– Писание за Страшниот суд (роман, 2011)

– Дива мисла (роман, 2014)

 

– Игра (кратки раскази, 1969)

– Ах, бре (кратки раскази, 1970)

– Шумата ечеше (сказна, 1982)

– Грешниот Захарие (новели, 1986)

– Тестамент (кратки раскази за млади)

– Чума (новели, 1989)

– Келешот (новели)

– Маргарит (кратки раскази, 1996)

– Строгата школа на животот (кратки раскази за деца и младинци, 1998)

– Хераклејски мозаик (збирка од 201 расказ, 2003)

– Битолијада (2006)

– Скршена чаша (раскази, 2007)

 

– Каде си тргнал, сине (роман за млади, 1982)

– Тој ми кажа (роман за млади, 1992)

– Солза за Мите (роман за млади, 1997)

– Еврејчето Шами (проза за деца и младинци, 2007)

– Скршена чаша (раскази, 2007)

Се занимавал со истражување и проучување од областа на јазикот, литературата и писателската дејност. Објавил поголем број трудови од оваа област, меѓу кои се: „Отстапување на битолскиот говор и неговиот стил“, „Поетскиот јазик на К. Рацин“, „Зборникот на Миладиновци и Рациновите „Бели мугри“, „Личните заменки во битолскиот градски говор“ и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *